count - онтологија

брои повеќе

бројат
Вид збор: Глагол, несвршен
Изговара броеви по ред.
Албански: numëroj
Примери:
Тој ги броеше ударите на градскиот часовник.
Утврдува колку единици има во едно множество.
Албански: numëroj
Примери:
Брои пари.

важи повеќе

важат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се смета.
Албански: llogaritet
Примери:
Јас важам мегу нив како голем тегаџија.

доброи повеќе

добројат
Вид збор: Глагол, свршен
Изброи до крај.
Примери:
Продавачот ги доброи парите и ги стави во касата.

доизброи повеќе

доизбројат
Вид збор: Глагол, свршен
Заврши со броењето, ги изброи сите до еден.
Примери:
Ги доизброи јаболката и си касна едно.

заброи повеќе

забројат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да брои.
Албански: fillon të numroj
Примери:
Замижа и ги заброи ударите по грбот.

зареди повеќе

заредат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да прикажува, да набројува.
Албански: numëroj
Примери:
Ги зареди сите светци што ги знаеше.

изброи повеќе

Види и: брои (несв.)
избројат
Вид збор: Глагол, свршен
Изговара броеви по ред.
Албански: numroj
Примери:
Детето изброја до сто без грешка.
Утврди колку единици има во едно множество.
Албански: numroj
Примери:
Продавачот ги изброи парите и ја затвори касата.
(се изброи) Се преброи како дел од некое множество.
Албански: numroj
Примери:
На ридот се избројавме колку сме останале.

изнаброи повеќе

Види и: изброи (св.)
(се) изнабројат
Вид збор: Глагол, свршен
Изброи многу, во голем број.
Албански: numroj, njehsoj

изреди повеќе

Види и: реди (несв.)
изредат
Вид збор: Глагол, свршен
Каже, наброи нешто едноподруго.
Албански: numëroj
Примери:
Ученикот ги изреди имињата на сите планети од Сончевиот Систем.

наброва повеќе

Види и: наброи (св.)
наброваат
Вид збор: Глагол, несвршен
наброи, набројува

наброи повеќе

набројат
Вид збор: Глагол, свршен
Изброи, определи број на нешто, даде определен број пари.
Албански: numëroj
Примери:
Наброја колку делови има механизмот.

надева повеќе

(се) надеваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Смета на некого, очекува од некого.
Албански: shpresoj, pres
Примери:
Надевајте се на него, ама и вие помачете се.

попише повеќе

попишат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи, изврши попис на нешто.
Албански: evidentoj, regjistroj
Примери:
Комисијата го попиша населението.

слага повеќе

(се) слагаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се слага) Се смета за нешто.
Албански: llogaris
Примери:
Секој што има деца се слага богат.

смета повеќе

сметаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Зема предвид при определувањето на големината на нешто.
Албански: akuzë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Не сметај го него.