counter - онтологија

бројач повеќе

мн. бројачи
Вид збор: Именка, машки род
Лице што брои.
Албански: numrues
Направа за броење, за мерење, инструмент.
Албански: njehsorë
Употреба: Технологија
Примери:
Гајгеров бројач

контра повеќе

Вид збор: Прилог
спротивно, обратно, против
Примери:
Тргна контра.

контрира повеќе

контрираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Презема контрадејствие.
се спротивстави, се спротивставува
Примери:
Кој ќе му контрира на новото опозициско раководство?
Задава возвратен удар додека се брани.
Употреба: Спорт
Примери:
Противникот контрираше со левата рака.

нумератор повеќе

мн. нумератори
Вид збор: Именка, машки род
Направа, апарат за нумерирање, за броење.

шалтер повеќе

мн. шалтери
Вид збор: Именка, машки род
Прозорче - на станица, пошта, мала продавница и сл.
Германски: Schalter Албански: shalter, sportel
Употреба: Административен термин
Примери:
Документите се предаваат на шалтер.

шалтерски повеќе

Види и: шалтер (м.)
шалтерска
Вид збор: Придавка
Што се извршува, работи на шалтер.
Примери:
шалтерска служба