curl - онтологија

бушави повеќе

бушават
Вид збор: Глагол, несвршен
Растура исчешлана коса, прави да изгледа неуредно.
Примери:
Стариот му ја бушавеше косата на внукот галејќи го по главата.

буштрави повеќе

Види и: бушави (несв.)
буштрават
Вид збор: Глагол, несвршен
бушави

кадра повеќе

мн. кадри
Вид збор: Именка, женски род
Извиткано, свиткано перче коса.
Албански: dredhë, kaçurrel
Примери:
Некој му ја симна шапката и го зграпчи за неуредните кадри.
Што личи, што е сличен на кадра.
Албански: dredhë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Од врвот на планината се протегнаа како змии кадрите на облаците.

кадри повеќе

кадрат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прави кадри, ја витка косата.
Албански: dredh
Примери:
Девојките ги кадреа косите со маша.
(се кадри) Станува кадрав.
Албански: dredhet
Примери:
Димот се кадреше како влакно на оган.

кадрица повеќе

Види и: кадра (ж.)
мн. кадрици
Вид збор: Именка, женски род
кадра

лимба повеќе

мн. лимби
Вид збор: Именка, женски род
Перче коса, кадрица.
Албански: kaçurrel
Примери:
Стоеше пред огледалото и ги мазнеше црните лимби.

локна повеќе

мн. локни
Вид збор: Именка, женски род
Извиткано перче коса.
Германски: Locke
Примери:
Си виткаше локни cо показецот.

накадри повеќе

накадрат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи кадрици.
Примери:
Ја накадри косата.

сугурец повеќе

мн. сугурци
Вид збор: Именка, машки род
(само мн.) Извиткано перче коса.
Примери:
Од нервоза му се засука косата во сугурци.