destroyer - онтологија

разбивач повеќе

мн. разбивачи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што крши, обива, разбива.
Примери:
Тој е разбивач на визби.
Тој што предизвикува растројство, што дејствува разорно.
Примери:
Вие сте разбивачи на единството во организацијата.

разорувач повеќе

мн. разорувачи
Вид збор: Именка, машки род
Брз воен брод од средна големина, се користи како заштита на морски конвои.
Албански: anije shkatërruese
Употреба: Воен термин

разрушител повеќе

Види и: разрушува (несв.)
мн. разрушители
Вид збор: Именка, машки род
Тој што разрушува нешто.

разурнувач повеќе

мн. разурнувачи
Вид збор: Именка, машки род
Вид воен брод.
Албански: shklatrrues
Употреба: Воен термин

рушител повеќе

мн. рушители
Вид збор: Именка, машки род
Човек што руши, уништува нешто.
Примери:
Рушителите на старата фабрика започнаа со својата работа рано наутро.