deviation - онтологија

аберација повеќе

мн. аберации
Вид збор: Именка, женски род
неприродност
Албански: devijim
Употреба: Медицина

девијација повеќе

мн. девијации
Вид збор: Именка, женски род
Поместување на некое тело од правецот на движење под влијание на нешто.
Албански: devijim
Употреба: Физика
Примери:
Кај електричниот компас нема девијации.
Негативна промена или изместување во нормалниот развој на одделна појава, процес и сл.
Албански: devijim
Употреба: Преносно значење
Примери:
Оваа појава претставува еден вид девијација од јазичната норма.

отстапка повеќе

мн. отстапки
Вид збор: Именка, женски род
Отстранување, отстапување од определени принципи, убедувања и сл.
Албански: devijim, shmangie
Примери:
Отстапка од правила.

отстапување повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Престанување на придржување кон нешто (закон, норма, обичај, програма).
Примери:
отстапување од стандард