ditch - онтологија

ендек повеќе

мн. ендеци
Вид збор: Именка, машки род
окоп, прокоп, ров
Турски: hendek
Примери:
Паднал во ендекот и сиот се извалкал.

ископ повеќе

мн. ископи
Вид збор: Именка, машки род
Ископано место во земјата (јама, ров, канал).
Албански: gropë
Примери:
Ископот беше длабок два метра.

јаз повеќе

мн. јазови
Вид збор: Именка, машки род
Бразда, жлеб, доводен или одводен канал за вода.
Албански: jaz, vijë uji, vadë
Употреба: Земјоделство
Примери:
Ја крадеа водата кришум едни од други со длабоки јазови.

јама повеќе

мн. јами
Вид збор: Именка, женски род
Длабока дупка ископана во земја.
Албански: gropë
Употреба: Геологија
Примери:
Тој се криеше во јамата.

окоп повеќе

мн. окопи
Вид збор: Именка, машки род
Долг и длабок ископ околу нешто.
Албански: hendek

ровина повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Ров направен од поројници.
Албански: vadë, trap
Употреба: Географија