erect - онтологија

воздига повеќе

воздигаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се воздига) Се извишува, стои исправен на голема височина.
Албански: ngritem, lartësohem
Примери:
Градбата се воздигаше високо над облаците.

дига повеќе

Види и: дигне (св.)
дигаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(му се дига) Сексуално се дразни.
Употреба: Вулгарно
(му го дига) Сексуално го возбудува или привлекува.
Употреба: Вулгарно

дигне повеќе

Види и: крене (св.)
дигнат
Вид збор: Глагол, свршен
Изгради, постави, подигне нешто на земјата, на подлога (куќа, монтажен објект, шатор).
Албански: ndërtoj
Примери:
Многу брзо ја дигнаа куќата.

натопори повеќе

натопорат
Вид збор: Глагол, свршен
Покаже, истакне, испречи нешто пред некого.
Албански: tregoj, drejtoj
Примери:
Војникот му ја натопори пушката на селанецот.
(се натопори) Се истакне, се испречи пред некого.
Албански: paraqitem, dal
Примери:
Што ми се топориш толку како да не знам кој си.