вежбаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Развива кај себе или кај некого навики, вештина, способности преку често и редовно повторување на определена работа, дејство.
Примери:
Вежбам секое утро.
гимнастицираат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прави гимнастички вежби.
Примери:
Гимнастицира за да се загрее.
егзерцираат
Вид збор: Глагол, несвршен
Врши воена обука, обучува војници низ вежби.
Примери:
Дел од војниците егзерцираа.
извежбаат
Вид збор: Глагол, свршен
Стекне вештина во нешто со редовно повторување на определена работа, со вежбање.
Примери:
Ја извежба добро својата улога во претставата.
повежбаат
Вид збор: Глагол, свршен
Вежба малку или уште малку.
Примери:
Сите ќе мора малку да повежбаат дома.
Вид збор: Глагол, свршен
Извежба донекаде или малку повеќе
Примери:
Тие ги поизвежбаа сите задачи.
превежбаат
Вид збор: Глагол, свршен
Извежба повторно, уште еднаш.
Примери:
Да го превежбаме последниот дел од концертот.
совладаат
Вид збор: Глагол, свршен
извежба, изучи
Примери:
Го совлада целиот материјал.
спортуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се бави со спорт.
Примери:
Младината недоволно спортува.