доградат
Вид збор: Глагол, свршен
Со ѕидање додаде, доѕида до веќе изградена, постојна градба.
Примери:
Постојано и зборуваше за собата што сака да ја догради.
должат
Вид збор: Глагол, несвршен
Продолжува, развлекува нешто во должина, прави да биде уште подолго.
Примери:
Облаците ги должеа своите сенки.
(се должи) Се протега во еден правец, се издолжува.
Примери:
Патот се должи, крај нема.
надградат
Вид збор: Глагол, свршен
Изгради над веќе изграден објект.
одолжат
Вид збор: Глагол, свршен
(се одолжи) Временски се продолжи извршување на некоја работа.
Примери:
Судскиот процес се одолжи три години.
Вид збор: Глагол, свршен
Зголеми малку по обем, по број.
Примери:
Организаторот ја попрошири програмата на фестивалот.
(се попрошири) Се зголеми малку по обем, по број.
поразвлечат
Вид збор: Глагол, свршен
Развлече малку во некоја мера.
Примери:
Бабата ја поразвлече преѓата.
продолжат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи нешто да биде подолго, да трае подолго.
Примери:
Селаните со сопствени средства го продолжија патот до селото.
пролонгираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Продолжи, продолжува траење на нешто.
Примери:
Ја пролонгира визата.
Вид збор: Глагол, несвршен
(се простира) Се протега на некоја површина.
Примери:
Нивата се простира сѐ до реката.
прострат
Вид збор: Глагол, свршен
Протегне нешто нашироко да опфати што поголема површина.
Примери:
Лозницата ги прострела своите ластари низ целиот двор.
прошират
Вид збор: Глагол, свршен
Распространи сопствено влијание, засили.
Албански:
zgjëroj, zmadhoj
Примери:
Партијата за неколку години го прошири своето дејствување низ целата земја.
рашират
Вид збор: Глагол, свршен
Направи нешто да стане пошироко.
Примери:
Најпрво го раширија отворот.
Вид збор: Глагол, свршен
протегне
Примери:
Јаболкницата ги спростре своите гранки во дворот.
шират
Вид збор: Глагол, несвршен
(се шири) Стане широк, поширок.
Примери:
Сите тела на топлина се шират.