fuel - онтологија

гориво повеќе

мн. горива
Вид збор: Именка, среден род
Течност за моторни возила.
Албански: karburant
Употреба: Транспорт
Примери:
Му додаде гориво на моторот.
Материјал за горење, за греење; извор на енергија.
Албански: karburant
Примери:
Ја наполни печката со гориво.

енергенс повеќе

Види и: енергент (м.)
мн. енергенси
Вид збор: Именка, машки род
извор на енергија
Употреба: Технологија
Примери:
Регулаторната комисија за енергетика дели лиценци за снабдување и испорака на енергенси.

енергент повеќе

мн. енергенти
Вид збор: Именка, машки род
извор на енергија
Употреба: Технологија

навали повеќе

навалат
Вид збор: Глагол, свршен
Запали оган, стави дрва на оган.
Албански: djegë
Примери:
Навали оган.

огрев повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Материјал што служи за горење заради затоплување (дрва, јаглен).
Албански: ngrohje
Примери:
Управата не можеше да обезбеди огрев за сите.

огревиште повеќе

Види и: огрев (м.)
(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
огрев

погон повеќе

мн. погони
Вид збор: Именка, машки род
извор на сила
Албански: burim force
Употреба: Технологија
Примери:
Како погон се користи сончевата енергија.