grant - онтологија

грант повеќе

мн. грантови
Вид збор: Именка, машки род
финансиска помош, стипендија
Примери:
Ние добивме и грант со кој ја истраживме состојбата со покривот на црквата.

додели повеќе

доделат
Вид збор: Глагол, свршен
Даде некому нешто врз некоја основа (награда, помош, стипендија, кредит, милостина).
Албански: jep
Примери:
Послал картонска амбалажа на студениот мост, седнал на неа и очекува да му доделите пари.

одобри повеќе

одобрат
Вид збор: Глагол, свршен
Задоволи некакво барање.
Албански: aprovoj, pranoj
Примери:
Банката ми одобри кредит.

стипендија повеќе

мн. стипендии
Вид збор: Именка, женски род
Месечна парична поткрепа на ученик, студент или научен работник.
Употреба: Образование
Примери:
Дава, добива стипендија.

удобри повеќе

Види и: одобри (св.)
удобрат
Вид збор: Глагол, свршен
одобри
Употреба: Разговорно