groan - онтологија

истенка повеќе

истенкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Испушти звуци на стенкање.
Албански: rënkoj, ofshaj
Примери:
Човекот истенка од болка.

јачка повеќе

јачкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Лелекнува, офнува, одвреме-навреме испушта гласови како израз на болка.
Примери:
Јачкаше како немоќна, слаба животинка.

пишка повеќе

пишкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Офка, лелека од болка, страдање.
Албански: ofshaj, rënkoj
Примери:
Што пишкаш толку? - Сета снага ме боли.
Јачи од умора, напрегање, напор.
Албански: ofshoj

простенка повеќе

простенкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да стенка или стенка малку, извесно време (често во директен говор).
Употреба: Разговорно
Примери:
Простенка од болка.

стенка повеќе

стенкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Испушта глас како израз на болка и сл.
Примери:
Ранетиот стенкаше.