henhouse - онтологија

живинарник повеќе

мн. живинарници
Вид збор: Именка, машки род
Место, заграден простор или кафез каде што се чува живина.
Употреба: Земјоделство
Примери:
Живинарникот е поголема ѕидана зградичка со полно простории и прегради за секаква живина.

кафез повеќе

мн. кафези
Вид збор: Именка, машки род
Простор затворен cо мрежа или решетки или куќичка за птици, живина или помали животни.
Турски: kafes Албански: kafaz
Примери:
Папагалите ги сместија во убав кафез.

кокошарник повеќе

мн. кокошарници
Вид збор: Именка, машки род
Просторија, кафез за чување и одгледување кокошки.
Албански: kotec, qymez
Употреба: Земјоделство
Примери:
Во малиот кокошарник имаше само еден млад петел.