her - онтологија

ја повеќе

Вид збор: Заменка
Кратка форма за директен објект од личната заменка таа, онаа; се употребува сама или заедно со долгата форма неа ја.
Примери:
Ја праша ли? Неа да ја прашаш.

неа повеќе

Види и: таа (зам.)
Вид збор: Заменка
Долга форма за директен предмет и општа форма од таа; доаѓа со кратката форма ја или сама, најчесто со предлог.
Примери:
Ја видов неа.

нејзе повеќе

Види и: таа (зам.)
Вид збор: Заменка
Долга форма за индиректен предмет од таа, она; оди заедно со кратката форма и - нејзе ѝ.
Примери:
Нејзе ѝ купи подарок.