here - онтологија

вадеава повеќе

Вид збор: Прилог
овде, овдека
Употреба: Дијалектен збор

ваму повеќе

Вид збор: Прилог
На ова место, тука.
Примери:
Ела, ваму!
Истовремено, од друга страна (при спротивставени дејства).
Примери:
Тој се противи, а ваму срцето му чука од радост
Во изрази за свртување на вниманието на соговорникот.
Примери:
Ама, слушај ваму! Гледај сега ваму!

еве повеќе

Вид збор: Честичка
За посочување и за истакнување на предмети, појави и настани во непосредна близина.
Примери:
Еве, легни овде за две-три минути.

ја повеќе

Вид збор: Честичка
За посочување кон нешто.
Примери:
Ја го детето.

навака повеќе

Вид збор: Прилог
наваму

наваму повеќе

Вид збор: Прилог
Во просторот - во правецот на лицето што зборува, кон него, кон неговата страна, кон неговата средина.
Примери:
Белки болеста нема да се прошири наваму.

овде повеќе

Вид збор: Прилог
На ова место.
Српски: овде Албански: këtu
Примери:
Таа беше овде пред малку.
Во овој град, во оваа земја, средина.
Албански: në këtë
Примери:
За работа сме дојдени овде.

онаму повеќе

Вид збор: Прилог
Во оној правец, на онаа страна.
Примери:
Нели им си се стори како нешто да шушна онаму?
На она место.
Примери:
Седни онаму крај масата.

тува повеќе

Вид збор: Прилог
тука
Употреба: Дијалектен збор

тук повеќе

Вид збор: Прилог
тука
Употреба: Народна поезија

тука повеќе

Вид збор: Прилог
На тоа место.
Српски: ту Албански: këtu Бугарски: тук
Примери:
Ако не кажеш - тука, в затвор, ќе умреш.
Овде, при истакнување на присуството на некого.
Примери:
Молчи, тука е тој, ќе те чуе.