hold - онтологија

бави повеќе

бават
Вид збор: Глагол, несвршен
Прави да задоцни, задржува некого.
Албански: mban
Примери:
Брзам, не бави ме.

додржи повеќе

додржат
Вид збор: Глагол, свршен
Држи додека треба.
Албански: mbaj
Примери:
Одвај го додржа да не го пушти да падне.

докрепи повеќе

докрепат
Вид збор: Глагол, свршен
(се докрепи) Се додржи, издржи до крај.
Албански: mbahet
Примери:
Одвај се докрепи на нозете.

држи повеќе

држат
Вид збор: Глагол, несвршен
Фати и не испушта од рацете.
Српски: држати Албански: mbaj Бугарски: държа
Примери:
Држи книга во рацете.
Останува верен, доследен на некого или нешто.
Албански: mbaj, mbetem
Примери:
Тој држи до своето мислење.
Во посебни изрази.
Албански: mbaj
Примери:
Редовно ги држеа божиќните пости.
(се држи) Се фати за некого или нешто.
Албански: mbahet
Примери:
Се држеше за гривата од коњот.
(се држи) Издржува, не се дава, не попушта.
Албански: mbaj, qëndroj
Примери:
Тој се држи и покрај годините.

задржи повеќе

задржат
Вид збор: Глагол, свршен
Запре, спречи нешто да се појави, да дојде до израз.
Албански: mbaj, ndaloj
Примери:
Не можеше да ја задржи потсмешливата насмевка кога го виде.
Земе, присвои нешто за себе.
Албански: mbaj
Примери:
Задржете ја кутијата сосе тутунот.
(се задржи) Се придржи, се додржи, се потпре на нешто.
Албански: mbaj
Примери:
Тој одвај се задржа да не падне.

застане повеќе

застанат
Вид збор: Глагол, свршен
Престане, запре при вршењето на некоја активност.
Албански: frenoj
Примери:
Тој застана за миг во работата, колку да запали цигара.

издржи повеќе

издржат
Вид збор: Глагол, свршен
Придржи мало дете при вршење нужда.
Албански: mbaj
Примери:
Мајката го издржа детето.

одржи повеќе

одржат
Вид збор: Глагол, свршен
Спроведе, изврши, организира состанок, седница, заседание итн.
Албански: mbajti
Примери:
Одржа предавање.
(се одржи) Се спроведе, се изврши нешто.
Албански: mbaj
Примери:
Собирот се одржа во амфитеатарот.

подржи повеќе

подржат
Вид збор: Глагол, свршен
Задржи, во определена позиција.
Албански: mbaj
Примери:
Му ја подржа раката во својата.
(се подржи) Се држи заемно еден со друг.
Албански: mbaj, kap
Примери:
Се подржаа за рака една до две минути и засрамено се пуштија.

позадржи повеќе

позадржат
Вид збор: Глагол, свршен
Задржи, подржи нешто малку, кратко време.
Албански: mbaj
Примери:
Позадржи го малку и ти детево.
Задржи, спречи некого да замине во определено време; направи да остане подолго од предвиденото време.
Албански: mbaj, ndaloj
Примери:
Ако одиме кај нив вечерва, тие ќе нѐ позадржат до утрото.
(се позадржи) Се задржи за нешто.
Албански: mbahem
Примери:
Тој се позадржа за столбот за да не падне.
(се позадржи) Се задржи, остане негде подолго од предвиденото време.
Албански: vonohem, qëndroj
Примери:
Јас се позадржав по излозите, цел ден ми мина во шетање.

придржи повеќе

придржат
Вид збор: Глагол, свршен
Подржи малку, прифати да не падне.
Албански: mbaj, mbështes
Примери:
Придржи ја ташнава да ја отворам вратата.

придржува повеќе

Види и: придржи (св.)
придржуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
придржи
Албански: mbahem, mbështetem
Примери:
Едниот го придржуваше колецот, а другиот удираше со чеканот.

прикрепи повеќе

прикрепат
Вид збор: Глагол, свршен
Придржи некого за да не падне.
Албански: mban
Примери:
Ќе паднеше да не го прикрепеше.

стаи повеќе

(се) стаат
Вид збор: Глагол, свршен
Не искаже, не открие на други, задржи за себе.
Албански: fsheh
Примери:
Стаи здив.

фаќа повеќе

фаќаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се фаќа) Се држи, се поткрепува.
Албански: mbahem, kapem
Употреба: Разговорно
Примери:
Се фаќа за сламка.