мн. инфинитиви
Вид збор: Именка, машки род
Неопределена глаголска форма што именува дејство, состојба без да укаже на лице, број или време.
Примери:
Во македонскиот јазик нема инфинитив и затоа како основна форма на глаголот го земаме сегашното време од глаголот во трето лице еднина.