inspiration - онтологија

вдахновение повеќе

мн. вдахновенија
Вид збор: Именка, среден род
Состојба на творечки полет.
Примери:
Филозофите и поетите во таа преселба открија извор на вдахновение, па почнаа да пишуваат студии, политички расправи, поезија.

инспирација повеќе

мн. инспирации
Вид збор: Именка, женски род
Ненадејна побуда за духовно творење.
Албански: inspirim
Примери:
Тоа дело беше плод на една силна внатрешна инспирација.
Побуда, поттикнување на нешто.
Албански: inspirim
Примери:
Неговите зборови беа поттик, инспирација да истраеме докрај.

муза повеќе

мн. музи
Вид збор: Именка, женски род
Извор на поетско вдахновение и творештво.
Албански: muzë, inspirim
Употреба: Преносно значење