insulate - онтологија

вкожури повеќе

(се) вкожурат
Вид збор: Глагол, свршен
Се затвори во себе, стане како да е во кожурец.
Албански: izoloj
Употреба: Преносно значење
Примери:
По тој настан тој просто се вкожури.

изолира повеќе

изолираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Обложи, обложува со изолациски материјал.
Албански: izoloj
Употреба: Технологија
Примери:
Електричарот не ги изолирал добро жиците во лустерот и затоа дојде до краток спој.
Врши функција на изолирање.
Албански: izoloj
Примери:
Пластиката многу добро изолира.

огради повеќе

оградат
Вид збор: Глагол, свршен
Зачува, претпази од нешто, востанови определен однос спрема нешто.
Албански: veçoj, distancoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Треба да ги оградиме учениците од негативните влијанија.