intensify - онтологија

заостри повеќе

Види и: остри (несв.)
заострат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи нешто да биде полошо, построго.
Албански: përkeqësohet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој ги заостри односите со шефот.

интензивира повеќе

интензивираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Направи, прави да биде нешто поинтензивно, засилува, зголемува, напрегнува.
Примери:
Се обиде да ја интензивира собирачката дејност во тој крај.

подзасили повеќе

Види и: засили (св.)
подзасилат
Вид збор: Глагол, свршен
Засили малку, донекаде.
Албански: forcoj pak, rris
Примери:
Тој го подзасили темпото пред самиот крај на трката.

поостри повеќе

поострат
Вид збор: Глагол, свршен
Засили малку, до некој степен.
Примери:
Со новиот закон ги поострија мерките за безбедност.

прошири повеќе

прошират
Вид збор: Глагол, свршен
(се прошири) Се распространи, се интензивира.
Албански: intensifikoj, përhap
Примери:
Христијанството се прошири за многу кратко време.