intrigue - онтологија

вмеша повеќе

вмешаат
Вид збор: Глагол, свршен
Вплетка, спомне некого или нешто.
Албански: ngatërrohet
Примери:
Тој ги вмеша соседите во своите валкани игри.

далавера повеќе

мн. далавери
Вид збор: Именка, женски род
Сплетка, подметнување нешто.
Турски: dalavere
Употреба: Разговорно
Примери:
Прави далавери со зарчиња.

забранува повеќе

забрануваат
Вид збор: Глагол, свршен
Предизвика интерес за нешто.
Албански: ngjall kureshtje
Употреба: Преносно значење
Примери:
Неговиот говор ја забранува јавноста.

заинтересира повеќе

заинтересираат
Вид збор: Глагол, свршен
Побуди интерес кај некого за нешто, привлече нечие внимание.
Албански: intrigoj, interesoj
Примери:
Новата книга ги заинтересира читателите.

заинтригира повеќе

заинтригираат
Вид збор: Глагол, свршен
Пројави големо љубопитство, големо интересирање.
Примери:
Сакаше со нешто да го заинтригира.

закопка повеќе

Види и: закопа (св.)
закопкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне некого да го копка нешто, да предизвикува некакви чувства кај некого.
Албански: intrigë
Примери:
Душата и ја закопка сомнеж.

интересира повеќе

интересираат
Вид збор: Глагол, несвршен
Привлекува, предизвикува нечиј интерес.
Албански: intereson, intrigon
Примери:
Политиката не ме интересира.

интрига повеќе

мн. интриги
Вид збор: Именка, женски род
Вешто смислена приказна за некого за да се постигне некоја цел.
Албански: intrigë
Примери:
Со лаги и интриги ни ја презедоа работата.
Во литературно, во драмско или во филмско дело - заплет на дејството.
Албански: intrigë
Употреба: Литература

интригира повеќе

интригираат
Вид збор: Глагол, несвршен
Побудува интерес и љубопитство.
Албански: intrigon
Примери:
Ме интригираат неговите чудни ставови за љубовта.

интригува повеќе

интригуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
интригира

маневар повеќе

мн. маневри
Вид збор: Именка, машки род
интрига, махинација
Албански: manevrim, intrigë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Со вешти маневри успеа да дојде до директорска позиција.

подзагрее повеќе

подзагрејат
Вид збор: Глагол, свршен
Заинтересира некого за нешто, донекаде, во извесна мера.
Албански: intrigoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој го подзагреја брата си да отворат фарма.

сплетка повеќе

мн. сплетки
Вид збор: Именка, женски род
интрига, клевета
Примери:
Прави сплетки.