вчаурат
Вид збор: Глагол, свршен
се изолира, се одвои
Примери:
Се вчаури и не се дружеше со никого.
(се) закожурчат
Вид збор: Глагол, свршен
Се затвори како во кожурец.
Примери:
Тој се закожурчи во својот внатрешен свет.
изолираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Оддели, одделува некого од дадена средина, спречувајќи ги неговите контакти, врски, односи со неа.
Примери:
Новодојдените ги изолираа од другото население.
За луѓе и животни (најчесто во врска со некоја болест).
Примери:
Сите заразени од жолтица, лекарите ги изолираа од другите болни во една посебна барака.
ограничат
Вид збор: Глагол, свршен
Определи нешто во квантитет, не дозволи да се прошири.
Примери:
Фирмата ги ограничи материјалните средства.
осамат
Вид збор: Глагол, свршен
Остане сам, одделен од светот.
Примери:
Јас и мајка ми осамевме по смртта на таткоми.
(се осами) Се оддели од светот, живее сам.
Примери:
Се осами во своето сопче.
Вид збор: Глагол, свршен
(се осамоти)
Албански:
vetmohem, izolohem
Примери:
Се осамоти по несреќата што го снајде.
усамат
Вид збор: Глагол, свршен
(се усами) се осами, се изолира
Албански:
vetmohem, izolohem
Примери:
Што си се усамил?
Вид збор: Глагол, несвршен
осамува
Албански:
vetmohem, izolohem
(се усамува) се осамува
Албански:
vetmohem, izolohem