kayak - онтологија

кајак повеќе

мн. кајаци
Вид збор: Именка, машки род
Мал ескимски чамец, обично за едно лице, изработен од кожа на дрвена конструкција.
Албански: kaik, kajak
Вид лесен чамец што се движи со едно неприцврстено весло, за спуштање по реки или за натпревар.
Албански: kaik, kajak
Употреба: Спорт
Примери:
Натпревар со кајак на диви води.

кајакарство повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Спортска дисциплина, веслање со кајаци и со кануа.
Употреба: Спорт
Примери:
Љубовта кон кајакарството и по 40 години не го напушта познатиот струшки кајакар Чуркоски.

сандолина повеќе

мн. сандолини
Вид збор: Именка, женски род
Вид тесен и плиток чун.
Примери:
Сандолина со еден веслач.