крајни
Вид збор: Придавка
Што е на крајот, што е последен, заден.
Примери:
крајна порака
минати
Вид збор: Придавка
За година, месец, недела, ден што cе случил непосредно пред сегашноста.
Примери:
Минатата година.
последни
Вид збор: Придавка
Што е на самиот крај од нешто, по кој не следува нешто друго.
Примери:
Тоа беа последните посетители на изложбава за овој ден.
Што се однесува на времето непосредно пред сегашноста, на блиско минато, претходен.
Примери:
Последните неколку дена, чинам се почувствува сигурен, свој, како вистински човек.
Што е останат на крај.
Примери:
Беше тоа еден од последните денови на јуни.
Што е најнов, штотуку појавен.
Примери:
Таа носеше убава облека, сè по последна мода.
Штотуку споменат.
Примери:
Последниов, беше вкочанет, безначаен човек, би се рекло.
Вид збор: Придавка
Кој се наоѓа на крајот, кој е скраја.
Примери:
Скрајнана куќа е наша.