lightning - онтологија

луња повеќе

мн. луњи
Вид збор: Именка, женски род
Брзо движење, понекогаш проследено со звук.
Албански: vetëtimë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Како луња забучи бесен врескот над нашите глави.

молневит повеќе

молневитиот
Вид збор: Придавка
брз како молња
Примери:
Со молневита брзина се разнесе по сите мариовски села веста за вчерашниот напад.

молскавичен повеќе

молскавични
Вид збор: Придавка
Што е како молскавица.
Примери:
Молскавична брзина.

светкавица повеќе

мн. светкавици
Вид збор: Именка, женски род
молскавица, секавица
Примери:
Са ноќ светкавици светкаа.

светкавичен повеќе

светкавични
Вид збор: Придавка
Кој се извршува извонредно брзо.
Примери:
Светкавичен удар.

секавица повеќе

мн. секавици
Вид збор: Именка, женски род
молња, молскавица
Албански: vetimë, rrufejë
Примери:
Брз е како секавица.

секавичен повеќе

секавични
Вид збор: Придавка
Кој се извршува необично брзо.
Примери:
Секавичен удар.

секавично повеќе

Вид збор: Прилог
молскавично