load - онтологија

гарамет повеќе

(едн.) гараметот
Вид збор: Именка, машки род
товар, мака
Турски: garamet
Употреба: Архаизам
Примери:
Ќе му го тргам гараметот дури е жив.

заграб повеќе

мн. заграби
Вид збор: Именка, машки род
Нешто што може да се крене наеднаш со двете раце.
Примери:
Секој носеше по заграб дрва.

кола повеќе

мн. коли
Вид збор: Именка, женски род
Товар колку што собира една кола.
Албански: rabë
Примери:
Купи една кола сено.

тежина повеќе

тежината
Вид збор: Именка, женски род
товар
Албански: ngarkesë, rëndësi
Примери:
Тоа е голема тежина за него.

товар повеќе

мн. товари
Вид збор: Именка, машки род
Стока или друго нешто натоварено на товарно животно, на превозно средство и сл.
Албански: pesh, ngarkesë
Употреба: Транспорт
Примери:
Симне товар од коњ, магаре, кола, брод итн.
Како мерка - определена количина од нешто, колку што се товари обично на едно животно.
Албански: ngarkesë, peshë
Употреба: Транспорт
Примери:
Пет товари дрва.