migrate - онтологија

исели повеќе

иселат
Вид збор: Глагол, свршен
(се исели) Смени место на живеење.
Албански: migroj, shpërngulem
Примери:
Нивното семејство се исели во Австралија.

мигрира повеќе

мигрираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Се сели од едно место во друго.
Примери:
Во педесеттите години голем број од селското население мигрираше во градовите.

печалбари повеќе

печалбарат
Вид збор: Глагол, несвршен
Работи како печалбар.
Албански: kurbetçon, punon si kurbetçar
Примери:
Сите од селово печалбарат во Австралија.

расели повеќе

раселат
Вид збор: Глагол, свршен
(се расели) Се исели присилно.
Албански: dëboj, migroj
Примери:
Се раселија во Германија.