nail - онтологија

брут повеќе

мн. брутови
Вид збор: Именка, машки род
Долгнавест метален шилест предмет со главче на другиот крај што може да се закове, да спои, да зацврсти нешто.
Употреба: Технологија
Примери:
Многу претпоставки, малку докази дека тие брутови биле употребени во распнувањето на Исус токму за Велигден.

вкове повеќе

вковат
Вид збор: Глагол, свршен
Со ковење втера, закове клинец во тврд предмет.
Албански: ngulit, gozhdoj

докове повеќе

доковат
Вид збор: Глагол, свршен
Кове, искове до крај.
Примери:
Докови ги клинците на штицата.

закове повеќе

заковат
Вид збор: Глагол, свршен
Забие клинци во нешто со ковење.
Албански: gozhdoj
Примери:
Прозорците ги заковале со штици.
Прикрепи, прицврсти нешто со ковење.
Албански: gozhdoj
Примери:
Со камен го закова колот во ливадата.

клин повеќе

мн. клинови
Вид збор: Именка, машки род
клинец
Албански: gozhdë
Употреба: Архитектура и градба
Примери:
Мајка му го симна ситото од клинот и почна да сее брашно.

клинец повеќе

мн. клинци
Вид збор: Именка, машки род
Мало, цилиндрично парче метал, зашилено на врвот од едната страна и со глава на другата, врз која се удира.
Албански: gozhdë
Примери:
Палтото го беше обесил на клинецот зад вратата.
Метална четириаголна шајка за потковување коњи, магариња и други домашни животни.
Албански: gozhdë për patkue
Примери:
Потребни се клинци и плочи за да се потковаат коњите.

кове повеќе

коват
Вид збор: Глагол, несвршен
Удирајќи со чекан, забодува остар предмет (шајка, колец) во нешто.
Албански: gozhdoj
Примери:
Татко ѝ коваше некаква поличка.

накова повеќе

наковаат
Вид збор: Глагол, несвршен
наковува

нокот повеќе

Види и: нокт (м.)
мн. нокти
Вид збор: Именка, машки род
нокт
Латински: unguem Српски: нокат Албански: thua Бугарски: нокът
Употреба: Анатомија

нокт повеќе

мн. нокти
Вид збор: Именка, машки род
Тврд рожен израсток на горната страна од прстите на рацете и нозете. 2. Остар рожен израсток на нозете на животните.
Латински: unguem Српски: нокат Албански: thua Бугарски: нокът
Употреба: Анатомија

нокте повеќе

мн. ноктиња
Вид збор: Именка, среден род
нокот
Употреба: Деминутив

ноктиште повеќе

мн. ноктишта
Вид збор: Именка, среден род
нокот
Употреба: Аугментатив

удри повеќе

удрат
Вид збор: Глагол, свршен
закове
Албански: ngul, gozhdoj
Примери:
Удри ѝ уште неколку шајки на штицата да држи подобро.

укове повеќе

Види и: кове (несв.)
уковат
Вид збор: Глагол, свршен
Закова клинец, шајка.
Албански: ngulit

чивија повеќе

мн. чивии
Вид збор: Именка, женски род
клин
Турски: çivi

шајка повеќе

мн. шајки
Вид збор: Именка, женски род
клинец
Албански: gozhdë