Вид збор: Глагол, свршен
Се однесува според нешто.
Примери:
Запази ред и мир.
испогледаат
Вид збор: Глагол, свршен
Многу изгледа некого.
Примери:
Го испогледа од глава до петици.
набљудуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
иследува, проучува
Примери:
Ги набљудува промените во однесувањето на болните.
опсервираат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прави опсервација.
Примери:
Двајцата раководители ќе ги опсервираат учениците и ќе го следат нивниот развој.
пазат
Вид збор: Глагол, несвршен
варди, внимава
Примери:
Пази (гледај) да не згрешиш.
следат
Вид збор: Глагол, несвршен
Набљудува нешто што се движи.
Примери:
Бебето го следи движењето на мајката.
Набљудува дејност на некого.
Примери:
Бегајте, нè следат.
Покажува интерес, грижа, држи под внимание некого или нешто.
Примери:
Тој го следеше осамостојувањето на својот син.