offense - онтологија

деликт повеќе

мн. деликти
Вид збор: Именка, машки род
Кривично дело, казниво дело, злосторство.
Употреба: Правда
Примери:
административен деликт

навреда повеќе

мн. навреди
Вид збор: Именка, женски род
Зборови или постапка со кои се нанесува неправда, се урива достоинството, честа.
Албански: ofendim, fyerje
Примери:
Тие зборови за него навистина беа тешка навреда.
Чувството предизвикано од такви зборови или постапка.
Албански: ofendim
Примери:
Силно се вознемири од навредата.

прекршок повеќе

мн. прекршоци
Вид збор: Именка, машки род
Постапка што е спротивна на даден пропис, закон, наредба и сл.
Употреба: Правда
Примери:
судија за прекршоци