бомбардираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
нападне, напаѓа, засипе
Примери:
Девојчето го бомбардираше со прашања.
васаат
Вид збор: Глагол, несвршен
совладува, обзема
Примери:
Започна да го васа сон.
надборат
Вид збор: Глагол, свршен
Победи во борење.
Примери:
Во натпреварот со борење го надборил, а со вино го напоил.
надвладеат
Вид збор: Глагол, свршен
Совлада некого, дојде до надмоќ, до превласт над некого, над нешто.
Примери:
Најпосле туѓинецот беше надвладеан.
овладеат
Вид збор: Глагол, свршен
Опфати, обземе некакво чувство.
Примери:
Ја овладеа радост.
опсипат
Вид збор: Глагол, свршен
(се опсипе) Се појави во голем број.
Примери:
Кожата ни се опсипа со пликови.
преплават
Вид збор: Глагол, свршен
Обземе силно чувство.
Албански:
përshkoj, kaploj
Примери:
Го преплави ниезмерна тага.
скинат
Вид збор: Глагол, свршен
(се скине) Се скапе од постојано вршење на некое дејство, некоја работа.
Примери:
Се скинав од работа.