борчат
Вид збор: Глагол, несвршен
Должи некому нешто, најчесто пари.
Примери:
Вашето село му борчи на царот сто илјади аспри.
должат
Вид збор: Глагол, несвршен
Има долг, должен е некому.
Албански:
detyrohem, kam borxh
Примери:
Ти ми должиш мене пари и брашно.
Има морална обврска спрема некого.
Примери:
Својот живот му го должам само на еден човек.
Има задолжение да направи нешто, да возврати или даде некому нешто.
Примери:
Тој ѝ должеше извинување.
(се должи) (само во 3 л. едн. и мн.) Произлегува од нешто, е резултат на нешто.
Примери:
Сè што постигнала се должи на нејзините две раце.