partition - онтологија

делба повеќе

мн. делби
Вид збор: Именка, женски род
Постапка со која нешто се дели; делење, поделба, определување дел.
Албански: ndarje
Примери:
Делбата на покуќнината се вршеше со големо спокојство.

дележ повеќе

Види и: делба (ж.)
мн. дележи
Вид збор: Именка, машки род
делба
Употреба: Книжевен збор
Примери:
Пропагандите најпосле само можат да ја достигнат својата крајна цел – дележот, коешто не го сакаат и оние што се против националниот сепаратизам.

комати повеќе

коматат
Вид збор: Глагол, несвршен
Дели, крши нешто на комати, на парчиња.
Примери:
Не комати го сиот леб!

поделба повеќе

мн. поделби
Вид збор: Именка, женски род
Распределба на нешто на повеќе делови или меѓу повеќе единки.
Албански: ndarje
Примери:
Поделба на имот на наследниците.

поделка повеќе

мн. поделки
Вид збор: Именка, женски род
Ознака за тоа што е поделено на делови.
Примери:
На нишанот имаше пет поделки.

прегради повеќе

преградат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи преграда, оддели нешто со преграда.
Албански: ndaj
Примери:
Ја прегради нивата со густ плет.

расчлени повеќе

расчленат
Вид збор: Глагол, свршен
Оддели, раздели на одделни делови.
Примери:
Ние можеме животот да го расчлениме на неговите составни делови.

расчленува повеќе

Види и: расчлени (св.)
расчленуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
расчлени
Примери:
Расчленува сцена по сцена.

реонира повеќе

реонираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Раздели, разделува на реони.