permission - онтологија

виза повеќе

мн. визи
Вид збор: Именка, женски род
Дозвола, согласност за нешто.
Албански: vizë, leje
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Тој доби виза од менторот да ја брани својата дисертација.

дозвола повеќе

мн. дозволи
Вид збор: Именка, женски род
Усна или писмена согласност за нешто, за вршење некоја работа.
Албански: leje
Примери:
Пилотот побара дозвола за слетување.

изим повеќе

(едн.) изимот
Вид збор: Именка, машки род
Дозвола, одобрување да се направи нешто.
Турски: izin
Употреба: Архаизам
Примери:
Бара изим од татка си да се ожени.

маркичка повеќе

мн. маркички
Вид збор: Именка, женски род
Дозвола за градба.
Албански: leje për ndërtim
Употреба: Архитектура и градба

одобрение повеќе

мн. одобренија
Вид збор: Именка, среден род
Дозвола да се направи нешто.
Албански: leje
Примери:
писмено одобрение

тескере повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Писмена дозвола за нешто, потврда, исправа.
Турски: tezkere Албански: leje
Употреба: Архаизам

тестир повеќе

мн. тестири
Вид збор: Именка, машки род
дозвола, допуштање
Турски: destur
Употреба: Архаизам