pleasant - онтологија

благопријатен повеќе

благопријатни
Вид збор: Придавка
Што потпомага во нешто, корисен; што води до успех.
Примери:
благопријатен ветер

мек повеќе

меки
Вид збор: Придавка
Што е пријатен за сетилата.
Примери:
мек глас

мило повеќе

Вид збор: Прилог
На мил начин
Примери:
Мило му зборуваше.

питок повеќе

питкиот
Вид збор: Придавка
(за вино) Што е вкусно и пријатно.
Примери:
Станува збор за вино кое можете да го уживате полека, а останува неверојатно питко.
пријатен
Примери:
Неговиот роман е толку питок, луциден, да не кажам радосен, што ова не е соодветно.

пресладок повеќе

преслатки
Вид збор: Придавка
Многу пријатен.
Примери:
Низ прозорецот се слушаше преслатка мелодија.

пријатен повеќе

пријатни
Вид збор: Придавка
Што дава, што предизвикува задоволство, уживање.
Примери:
Низ прозорецот се слушаа пријатните звуци на некоја мелодија.

сладок повеќе

слатки
Вид збор: Придавка
Пријатен, што причинува задоволство; за глас, звук - пријатен за уво, нежен.
Албански: i këndshëm
Употреба: Преносно значење
Примери:
сладок одмор

сладосен повеќе

сладосни
Вид збор: Придавка
Кој причинува задоволство, наслада.
Примери:
Сладосни чувства.

убав повеќе

убави
Вид збор: Придавка
Пријатен за слухот.
Албански: i bukur
Примери:
убава музика, убава мелодија

убаво повеќе

Вид збор: Прилог
пријатно за слухот
Албански: këndshëm
Примери:
Убаво звучи.

угоден повеќе

угодни
Вид збор: Придавка
пријатен, удобен