prefer - онтологија

повласти повеќе

повластат
Вид збор: Глагол, свршен
Стави, доведе некого во повластена положба; привилегира некого.
Примери:
Директорот со ништо не може од политички, лични, пријателски, роднински или кои било други причини некого да повласти или неоправдано да казни.

претпостави повеќе

претпостават
Вид збор: Глагол, свршен
Даде предност, претпочита.
Албански: preferoj
Примери:
Него го претпостави за шеф.

претпочита повеќе

претпочитаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Повеќе сака да направи нешто, дава предност.
Примери:
Претпочитам планинарање пред пливање.

претпочитува повеќе

Види и: претпочита (несв.)
претпочитуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
претпочита
Употреба: Ретко

преферира повеќе

преферираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Претпочита, претпочитува, даде, дава предност некому или на нешто.
Примери:
Ја преферира формата пред содржината.