present - онтологија

бакшиш повеќе

мн. бакшиши
Вид збор: Именка, машки род
Подарок, дар, награда за направена услуга.
Турски: bahşiş Албански: bakshish
Употреба: Разговорно
Примери:
Снаата ќе донесе безброј бакшиши.

дар повеќе

мн. дарови
Вид збор: Именка, машки род
(обично во мн.) невестински подарок
Албански: dhuratë
Примери:
Невестата делеше дарови.

даровина повеќе

мн. даровини
Вид збор: Именка, женски род
Дарови што ѝ ги носат сватовите на невестата.

денешнина повеќе

Види и: денешница (ж.)
(едн.) денешнината
Вид збор: Именка, женски род
сегашност
Примери:
Сообраќајниот трауматизам е чума на денешнината, сметаат докторите.

денешница повеќе

(едн.) денешницата
Вид збор: Именка, женски род
сегашност
Албански: e sotmja, aktuale
Примери:
Денешницава е тешка за секого.

поклон повеќе

мн. поклони
Вид збор: Именка, машки род
дар, подарок
Албански: dhuratë
Употреба: Разговорно

презент повеќе

мн. презенти
Вид збор: Именка, машки род
(само едн.) Сегашно време, глаголски форми што означуваат дејство што се врши во моментот на зборувањето.
Албански: koha e tashme
Употреба: Граматика
подарок, дар
Албански: dhuratë
Примери:
Свадбени презенти.

сегашнина повеќе

сегашнината
Вид збор: Именка, женски род
Тоа што било денеска, сега, во сегашно време.
Примери:
Зборуваше за сегашнинава а не за иднината.

сегашница повеќе

Види и: сегашнина (ж.)
сегашницата
Вид збор: Именка, женски род
сегашнина

сегашно повеќе

Види и: сегашнина (ж.)
сегашното
Вид збор: Именка, среден род
сегашнина
Албански: pranishëm, aktual
Употреба: Ретко

сегашност повеќе

Види и: сегашнина (ж.)
сегашноста
Вид збор: Именка, женски род
сегашнина
Албански: e tashme
Примери:
Во сегашноста.

совремие повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Тоа што се случува, доживува сега, сегашност.
Примери:
Неговите слики се одраз на совремието.