pride - онтологија

возгордее повеќе

(се) возгордеат
Вид збор: Глагол, свршен
Се вообрази, стане многу горделив, надмен.
Употреба: Книжевен збор
Примери:
Нема да се возгордее и да започне со раскошен живот.

гордее повеќе

(се) гордеат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се чувствува горд.
Примери:
Со твојот успех се гордее целото училиште.

погордее повеќе

(се) погордеат
Вид збор: Глагол, свршен
Се гордее малку, кратко време.
Примери:
Зошто со тој успех да не се погордеат малку?
Стане премногу горд, надмен.

понаша повеќе

(се) понашаат
Вид збор: Глагол, несвршен
се гордее
Примери:
Има мајка сребрен прстен, со него се понашa.