privilege - онтологија

повласти повеќе

повластат
Вид збор: Глагол, свршен
Стави, доведе некого во повластена положба; привилегира некого.
Примери:
Директорот со ништо не може од политички, лични, пријателски, роднински или кои било други причини некого да повласти или неоправдано да казни.

право повеќе

мн. права
Вид збор: Именка, среден род
Можност, слобода да се постапува на определен начин.
Албански: e drejtë, privilegj
Примери:
Нема право да згреши.

привилегија повеќе

мн. привилегии
Вид збор: Именка, женски род
Исклучиво право, предност што го поставува некого во поповолна положба наспрема другите врз основа на правни прописи или други општествени правила.
Албански: privilegj
Употреба: Правда
Примери:
Во патријархатот жената е без привилегии.
чест, почест
Албански: privilegj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Оваа покана ја сфаќам како особена привилегија.

привилегира повеќе

привилегираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Даде, дава некому привилегија.