profile - онтологија

карактеристика повеќе

мн. карактеристики
Вид збор: Именка, женски род
Документ или нечија изјава за интелектуални, работни, стручни и морални квалитети, општествено-политичка ангажираност на некое лице (ученик, работник).
Албански: profil
Употреба: Административен термин
Примери:
Можам да пратам за тебе таква карактеристика, што ниту едно градежно претпријатие да не те земе ни за палир.

профил повеќе

мн. профили
Вид збор: Именка, машки род
Изглед на лице или на предмет гледани отстрана.
Албански: profil
Употреба: Ликовна уметност
Слика или цртеж цртани отстрана.
Албански: profil
Употреба: Ликовна уметност
Примери:
Уметникот сликаше извонредни профили.
Збир од основни типични црти на некоја стопанска гранка, професија, специјалност и сл.
Албански: profil
Употреба: Преносно значење
Примери:
Профилот на списанието го дефиниравме на последниот состанок на Редакцијата.
Краток преглед на нечиј карактер, живот или кариера.
Албански: profil
Примери:
Профилот на уметникот го претстави неговиот пријател и долгогодишен соработник.
Назив за метални изработки; лимови, шини и др.
Албански: profil
Употреба: Технологија
Примери:
Фабриката изработува метални профили.
Кориснички информации на социјалните мрежи.
Употреба: Информатика
Примери:
Фејсбук-профил

профилира повеќе

профилираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Прави профил на некого.
Дава профил, оформува, подготвува некого или нешто.
(се профилира) Станува изграден лик, профил со определени карактеристики.
Примери:
Тој се профилира како врвен хирург.