publish - онтологија

доиздаде повеќе

Види и: издаде (св.)
доиздадат
Вид збор: Глагол, свршен
Издаде книга, списание до крај, сите примероци или томови.
Албански: botoj
Примери:
Македонска книга ги доиздаде собраните дела на Блаже Конески.

издаде повеќе

издадат
Вид збор: Глагол, свршен
Печати, објави книга или друг печатен материјал.
Албански: botoj, publikoj
Примери:
Писателот ја издаде и третата книга од својот роман.

излезе повеќе

излезат
Вид збор: Глагол, свршен
Се појави во јавност, се објави, се отпечати (книга, списание, весник).
Албански: u paraqit
Примери:
Мојата книга излезе од печат.

објави повеќе

објават
Вид збор: Глагол, свршен
Публикува, издаде, отпечати нешто.
Албански: publikon
Примери:
Оваа издавачка куќа објави поголем број дела од домашни автори.

обнароди повеќе

обнародат
Вид збор: Глагол, свршен
Објави, публикува нешто.
Албански: publikoj
Примери:
Манифестот е обнароден неколку дена пред востанието.

печати повеќе

печатат
Вид збор: Глагол, несвршен
Објавува во печат.
Албански: publikoj, botoj
Примери:
Досега има печатено две книги раскази.
За весник, списание - објавува на своите страници.
Албански: publikoj, botoj
Примери:
Нашето литературно списание ќе печати и научни прилози.

појави повеќе

појават
Вид збор: Глагол, свршен
(се појави) Излезе нешто во јавност, се отпечати, се објави.
Албански: publikoj
Примери:
Списанието се појави пред еден месец.

помести повеќе

поместат
Вид збор: Глагол, свршен
Објави текст во весник, книга и сл.
Албански: publikoj, botoj
Примери:
Во антологијата ја поместиле и неговата песна.

публикува повеќе

публикуваат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Објави, објавува пред јавноста, најчесто во пишана форма.
Примери:
Приказните се публикувани од Марко Цепенков.

пушти повеќе

пуштат
Вид збор: Глагол, свршен
Издаде весник, списание и сл.
Албански: botoj
Примери:
Вчера го пуштивме третиот број „Литературен збор„ за оваа година.