rainbow - онтологија

божилак повеќе

мн. божилаци
Вид збор: Именка, машки род
Оптичка атмосферска појава во форма на лак од бои што настанува со прекршување на сончевите зраци низ дождовните капки.
Латински: arcus caelestis
Примери:
На небото се појави раскошен божилак.

божило повеќе

мн. божила
Вид збор: Именка, среден род
божилак, виножито
Примери:
Се гледа сега во окото на божилото по посланото поле, каде што големата мајка денот и ноќта ги меша во плодницата своја.

виножито повеќе

мн. виножита
Вид збор: Именка, среден род
Оптичка атмосферска појава во форма на лак од бои што настанува со прекршување на сончевите зраци низ дождовните капки.
Латински: arcus caelestis
Примери:
Се верува дека појавата на виножито означува бериќет.

житовино повеќе

Види и: виножито (ср.)
мн. житовина
Вид збор: Именка, среден род
виножито

ѕуница повеќе

мн. ѕуници
Вид збор: Именка, женски род
Оптичка атмосферска појава во форма на лак од бои што настанува со прекршување на сончевите зраци низ дождовните капки.
Латински: arcus caelestis Албански: ylber
Употреба: Дијалектен збор , Физика
Примери:
Огромен лак на ѕуница.

џоница повеќе

Вид збор: Именка, женски род
ѕуница