raise - онтологија

вивне повеќе

вивнат
Вид збор: Глагол, свршен
Извиши, крене високо.
Албански: ngre
Употреба: Преносно значење
Примери:
Јас тогаш ја вивнав летачката над куќите.

вложи повеќе

вложат
Вид збор: Глагол, свршен
Подаде, поднесок до некој управен или друг орган.
Албански: ngre
Употреба: Административен термин
Примери:
Вложи жалба.

возведе повеќе

возведат
Вид збор: Глагол, свршен
Истакне, издигне до некој степен.
Употреба: Книжевен збор
Примери:
Тој обичај сака да го возведе во правило.

возвиши повеќе

возвишат
Вид збор: Глагол, свршен
Крене, дигне нешто нагоре.
Албански: ngrit
Употреба: Книжевен збор
Примери:
Ја возвиши кротката душа над грешното тело.
(се возвиши) Се извиши, стои над нешто или некого.
Албански: rritet
Употреба: Книжевен збор
Примери:
На сите им беше јасно колку тој се изделил и се возвишил.
(се возвиши) Се здобие со повисоки морални вредности.
Албански: ngritem
Употреба: Книжевен збор
Примери:
Неговата љубов се возвиши до највисоки мечти и соништа.

воздига повеќе

воздигаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Дава сила, волја, подига во морална смисла.
Албански: ngrit, lartësoj
Употреба: Книжевен збор
Примери:
Песната ја воздига душата.

воздигне повеќе

воздигнат
Вид збор: Глагол, свршен
Истакне, издигне до висок степен.
Албански: ngrit, lartësoj
Употреба: Книжевен збор
Примери:
Неговата праведна борба го воздигна до легенда.

воспита повеќе

воспитаат
Вид збор: Глагол, свршен
Изврши свесно влијание во формирањето на нечија личност (обично на некој помлад), во развивањето на нејзините физички, умствени и морални особини и способности.
Албански: ngrit
Примери:
Тој ги воспитал своите деца во спартански дух.

дига повеќе

Види и: дигне (св.)
дигаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Преместува или става на повисоко место.
Албански: ngre
Примери:
Ја дига главата и го гледа.
качува, крева
Албански: ngjitet
Примери:
Планира да го дига на таван.
Зголеми цени.
Албански: ngre
Примери:
Постојано ги дигаат цените.
(се дига) се спротивставува, се побунува
Албански: rritet
Примери:
Се дигаат на бунт против власта.

дигне повеќе

Види и: крене (св.)
дигнат
Вид збор: Глагол, свршен
Помести некого или нешто од пониска на повисока положба.
Албански: ngre
Примери:
Го дигна детето.
Исправи, постави нешто како што стои или како што треба да стои.
Албански: drejtoj
Примери:
Дигни го столот.
Скорне некого што седи, што е на некое место.
Албански: zgjoj
Примери:
Ги дигна децата за да седне.

задига повеќе

Види и: дига (несв.)
задигаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да дига.
Примери:
Тој ги задига рацете нагоре.

извлече повеќе

извлечат
Вид збор: Глагол, свршен
Влечејќи изнесе на повисоко место, доведе влечејќи оздола нагоре.
Албански: ngre
Примери:
Убиениот го извлекоа од бездната.

израсне повеќе

израснат
Вид збор: Глагол, свршен
Одгледа до израснување.
Албански: ngre
Примери:
Останата без маж, мајката сама ги израсна децата.

истакне повеќе

истакнат
Вид збор: Глагол, свршен
Постави нешто понапред или повисоко од нешто друго.
Албански: shtoj
Примери:
Низ целиот град високо ги истакнаа знамињата.

исчека повеќе

исчекаат
Вид збор: Глагол, свршен
Дочека, доживее нешто.
Албански: përjetoj, pres
Примери:
Исчекаа внуци и правнуци.

надигне повеќе

Види и: дигне (св.)
надигнат
Вид збор: Глагол, свршен
Одгледа, накрене, осамостои некого.
Албански: ngre
Примери:
Него чичко му го надигна.

накачи повеќе

накачат
Вид збор: Глагол, свршен
Зголеми, покачи цена.
Албански: rritje
Примери:
Секој месец ги накачуваат цените.

накрене повеќе

накренат
Вид збор: Глагол, свршен
(се накрене) Се крене, се дигне во голем број (луѓе и др.)
Албански: ngritem
Примери:
Сите се накренаа против него.

напредне повеќе

напреднат
Вид збор: Глагол, свршен
Се издигне, заземе повисоко место во службата.
Албански: avancohem, ngritem
Примери:
Брзо напредна до највисоко место.

настане повеќе

настанат
Вид збор: Глагол, свршен
Се крене на бунт.
Албански: çohem, ngritem
Примери:
Народот наcтана во сите краишта на земјата.

одгледа повеќе

одгледаат
Вид збор: Глагол, свршен
Изгледа, израсте некого грижејќи се за неговиот физички и психички развој.
Албански: rrit
Примери:
Таа сама ги одгледа своите деца.

подигне повеќе

подигнат
Вид збор: Глагол, свршен
Дигне, крене на мала височина.
Албански: ngre
Примери:
Тој ја подигна торбата и сети дека е многу тешка.
Крене дел од телото.
Албански: ngre
Примери:
Таа ја подигна главата од книгата само за момент и пак продолжи да чита.
Крене поглед, глас.
Албански: ngre
Примери:
Жената го подигна гласот и викна силно по човекот што одминуваше.
одгледа, изгледа
Албански: ngre
Употреба: Преносно значење
Примери:
Дедо ми сам ги подигнал своите и децата на брат му, кој загинал во војната.
Крене определен број на квадрат, куб, четврти степен и сл.
Албански: ngre
Употреба: Математика
Примери:
Синоќа температурата му се подигна на 40 степени.
(се подигне) Се крене повисоко, стане од седната или легната положба.
Албански: ngre
Примери:
Гостинот се подигна од масата, сакаше нешто да рече, но без збор пак седна.

понадигне повеќе

понадигнат
Вид збор: Глагол, свршен
Надигне, поткрене малку, донекаде или во поголема мера.
Албански: ngrit
Примери:
По неколку дена понадигна глава.
(се понадигне) Закрепне, зајакне (по болест, материјално) малку, во некој степен.
Албански: përmirësoj, bëj më mirë
Примери:
Температурата падна и тој се понадигна.

поподигне повеќе

(се) поподигнат
Вид збор: Глагол, свршен
попоткрене

попоткрене повеќе

Види и: поткрене (св.)
(се) попоткренат
Вид збор: Глагол, свршен
Се поткрене малку.
Примери:
Таа се попоткрена од столот за да се поздрави со нив.

порасне повеќе

пораснат
Вид збор: Глагол, свршен
Одгледа некого до израснување.
Албански: ngre
Примери:
Ги изгледавме децата, ги пораснавме.

поткрене повеќе

поткренат
Вид збор: Глагол, свршен
Крене, подигне малку.
Албански: ngrit
Примери:
Тој ја поткрена ногавицата и му ја покажа лузната.

придигне повеќе

Види и: дигне (св.)
придигнат
Вид збор: Глагол, свршен
(се придигне) Се дигне малку, се подигне.
Албански: ngre pak
Примери:
Се придигна малку да види кој доаѓа.

скорива повеќе

Види и: скорне (св.)
скориваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Крева некого да стане.
Албански: ngre, çoj

скорне повеќе

скорнат
Вид збор: Глагол, свршен
Дигне од седење.
Албански: ngre
Примери:
Скорни го детено и седни си.