realize - онтологија

види повеќе

видат
Вид збор: Глагол, свршен
увиди, разбере, сфати, најде, согледа
Албански: kuptoj
Примери:
Видов дека со плачење не бидува ништо.

збидне повеќе

(се) збиднат
Вид збор: Глагол, свршен
(само во 3. л.) Се исполни, се случи, стане реалност.
Примери:
Неговите очекувања се збиднаа.

изврши повеќе

извршат
Вид збор: Глагол, свршен
(се изврши) се оствари, се исполни
Албански: realizoj
Примери:
Сонот се изврши уште истиот ден.

исполни повеќе

исполнат
Вид збор: Глагол, свршен
(се исполни) Се оствари.
Албански: realizohet
Примери:
Неговите стравови се исполнија.

обвистини повеќе

(се) обвистинат
Вид збор: Глагол, свршен
Стане вистина, се потврди вистинитоста на нешто што е претходно кажано.
Примери:
Нејзиниот сон се обвистини.

објективизира повеќе

објективизираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Подложи, подложува на објектив(из)ација, направи, прави нешто да биде реално, објективно.
Албански: objektivizon
Примери:
Тој ги објективизира личностите во своите романи.

овистини повеќе

(се) овистинат
Вид збор: Глагол, свршен
Стане вистина, се оствари, се исполни нешто.
Примери:
Неговите мисли се овистинија.

оживотвори повеќе

оживотворат
Вид збор: Глагол, свршен
Спроведе во живот некоја замисла.
Примери:
Тој ја оживотвори старата идеја.

опредмети повеќе

опредметат
Вид збор: Глагол, свршен
Претвори во предмет, во реалност.
Примери:
Се разбира, сите овие тези треба да се докажат и критички да се опредметат.

осознае повеќе

осознаат
Вид збор: Глагол, свршен
Спознае, стане свесен за нешто.
Примери:
Тој конечно ја осозна вистината за последните случувања.

оствари повеќе

остварат
Вид збор: Глагол, свршен
(се оствари) Стане вистинит, реален.
Албански: realizoj
Примери:
Се оствари мојот дамнешен сон.

прогледа повеќе

прогледаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да сфаќа, да ги разбира работите.
Албански: kupton
Употреба: Преносно значење
Примери:
Конечно прогледа и виде со кого си има работа.

разбере повеќе

разберат
Вид збор: Глагол, свршен
Сподели чувства, мисли, желби со некого.
Албански: realizoj
Примери:
Го разбрав, но не можев да му помогнам.

реализира повеќе

реализираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
(се реализира) се оствари, се остварува
Албански: realizohet

спроведува повеќе

Види и: спроведе (св.)
спроведуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
остварува, извршува
Примери:
Ја спроведуваат својата волја.

увиди повеќе

увидат
Вид збор: Глагол, свршен
сфати, се увери
Примери:
Си ја увиде грешката.

увидува повеќе

Види и: увиди (св.)
увидуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
увиди
Примери:
Тој секогаш доцна ги увидува своите грешки.

чувствува повеќе

чувствуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Сознава, станува свесен за нешто.
Албански: ndjenë
Примери:
Тој чувствуваше дека не ќе може да издржи до крај.