recipient - онтологија

адресат повеќе

мн. адресати
Вид збор: Именка, машки род
Примач на писмо, поштенска пратка или на порака, оној кому му е нешто упатено, наменето.
Албански: adresat, pranues
Примери:
Институтот е адресатот за пријавите на Конгресот.

реципиент повеќе

мн. реципиенти
Вид збор: Именка, машки род
Примач на информации или нарачки.
Употреба: Информатика
Примери:
Реципиентите добиваат еднозначна порака преку однапред утврден систем.
Лице што прима трансфузија на крв.
Употреба: Медицина
Примери:
На реципиентот му се дава само иста крвна група.
Сад каде што се собираат течности и гасови.
Употреба: Хемија
Примери:
Течноста полека се влева во реципиентот.