мн. изданија
Вид збор: Именка, среден род
Печатено дело, текст во определен тираж како производ на издавачка дејност.
Примери:
прво издание, библиофилско издание
испуштат
Вид збор: Глагол, свршен
За течност - пушти да истече од некаде.
Примери:
Ја испушти водата од кадата.
Пушти, оддели од себе.
Примери:
Испушти очајнички крик.
ослободат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи да биде достапно, подвижно нешто што било врзано, приклештено и сл.
Примери:
Го ослободи едниот крај од јажето и го повлече нагоре.
Направи да дојде до израз нешто што било прикриено.
Примери:
Бомбата ослободи големо количество разурнувачка енергија.
Отфрли обвинение, оптужба.
Примери:
Судот го ослободи обвинетиот за убиство и го прогласи за невин.
откочат
Вид збор: Глагол, свршен
Ослободи, отпушти да работи, подготви да работи нешто што било закочено некаков механизам, кочница, пушка и сл.
Албански:
çfrenoj, zhbllokoj
Примери:
Ја откочи бомбата и ја фрли кон непријателските редови.
отпуштат
Вид збор: Глагол, свршен
Престане да држи, пушти, испушти нешто од рака.
Примери:
Таа за момент го отпушти детето и тоа падна.
Ослободи, пушти некого од служба, од војска, од затвор, од болница и сл.
Примери:
Претседателот отпушти од затворот дваесет затвореници во чест на празникот.
Пушти во промет, даде за користење.
Примери:
Банката отпушти нови банкноти.
Отстрани препрека, овозможи протек, излез.
Примери:
Земјоделецот ја отпушти водата од каналот за да го наводни полето.
Се издели во резултат на хемиска реакција.
Примери:
Атомите на елементите со мал број електрони во надворешниот електронски слој, за разлика од атомот на јаглеродот, лесно отпуштаат електрони.
мн. отсуства
Вид збор: Именка, среден род
Привремено ослободување од служба, од должност.
Примери:
Јас сум на отсуство.
подотпуштаат
Вид збор: Глагол, свршен
Отпушти малку, донекаде.
Примери:
Коњаникот ги подотпушти дизгините и коњот слободно почна да оди.
разрешат
Вид збор: Глагол, свршен
Ослободи некого од обврска, должност, функција.
Примери:
Ме разрешија од должноста.