дотераат
Вид збор: Глагол, свршен
Доведе нешто во ред за да врши определена функција.
Примери:
Го дотера часовникот.
Вид збор: Глагол, свршен
Поправи, среди нешто делумно, донекаде.
Примери:
Дури приквечер го закрпија мостот.
направат
Вид збор: Глагол, свршен
Доведе во нормална, исправна состојба, поправи.
Примери:
Мајсторот го направи телевизорот.
оправат
Вид збор: Глагол, свршен
Доведе во ред, во исправна состојба.
Примери:
Мислам дека ја оправив работата.
Вид збор: Глагол, свршен
Доведе донекаде во ред, поправи донекаде.
Примери:
Таа средба ги пооправи нивните односи.
поправат
Вид збор: Глагол, свршен
Отстрани дефект, неисправност на нешто, оспособи за употреба, работа.
Примери:
Тие ја поправија стреата на куќата.
мн. поправки
Вид збор: Именка, женски род
Отстранување на дефект.
Примери:
Го однесов автомобилот на поправка.
мн. преправки
Вид збор: Именка, женски род
преработка, промена
Примери:
Треба да има преправки на училишната зграда.
ремонтот
Вид збор: Именка, машки род
Поправање, обновување на машини, згради, опрема и сл.
Примери:
ремонт на машините
ремонтни
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на ремонт.
Примери:
Ремонтни работи.
мн. репарации
Вид збор: Именка, женски род
Доведување во исправна состојба.
Примери:
Репарација на уништеното ткиво.
репарираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Поправи, отстрани дефект, доведе во ред.
Примери:
Го репарираа кровот на музејот.
мн. санации
Вид збор: Именка, женски род
Оздравување во стопанска и друга смисла.
Примери:
Санација на финансиската состојба на земјата.