return - онтологија

возврат повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Постапка со која на ист или сличен начин се возвраќа некому за укажаната помош, внимание и сл.
Примери:
За возврат, девојките биле богато наградени.

вратка повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Возврат за нешто.
Албански: kthim, kompensim
Примери:
Сакам насмевка да им подарам како вратка за она најскапото.
Враќање од некаде.
Албански: kthim
Примери:
Те повика ли смртта, нема вратка.

враќачка повеќе

мн. враќачки
Вид збор: Именка, женски род
враќање
Употреба: Разговорно
Примери:
За мене веќе враќачка нема.

поврат повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Враќање на тоа што е земено.
Албански: kthim
Примери:
поврат на пари
Враќање назад, на старото место.
Албански: kthim
Примери:
Оттаму поврат ќе нема.

ретур повеќе

Вид збор: Именка, машки род
враќање назад
Употреба: Транспорт
Примери:
ретур-билет (повратна карта)
враќање
Употреба: Економија
Примери:
ретур на пакет