review - онтологија

осврт повеќе

мн. осврти
Вид збор: Именка, машки род
Краток приказ, белешка за нешто (книга, настан).
Примери:
Краток осврт на јазичните особености.

преиспита повеќе

преиспитаат
Вид збор: Глагол, свршен
Испита, провери повторно, уште еднаш.
Примери:
Ќе ја преиспитаме неговата работа.

преиспитување повеќе

Види и: преиспита (св.)
мн. преиспитувања
Вид збор: Именка, среден род
повторно испитување
Примери:
критички преиспитувања

разгледа повеќе

разгледаат
Вид збор: Глагол, свршен
Запознае се со нешто, проучи нешто.
Албански: shqyrtoj
Примери:
Ги разгледав највнимателно сите поважни прашања изнесени во статијата.
Претресе, прецени, опсуди - обично заради донесување решение или оценка.
Албански: rishikoj
Примери:
Комисијата го разгледа сиот материјал во врска со сторениот прекршок.

ревија повеќе

мн. ревии
Вид збор: Именка, женски род
Неделно, месечно, периодично списание.
Албански: rishikim

рецензија повеќе

мн. рецензии
Вид збор: Именка, женски род
Писмен приказ, оцена на уметничко, научно и сл. дело, на претстава, концерт, филм и сл.
Употреба: Литература

рецензира повеќе

рецензираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Напише, пишува рецензија за нешто, даде, дава приказ за нешто.
Примери:
Рецензира учебник.

рецензирање повеќе

Види и: рецензира (св. и несв.)
рецензирањето
Вид збор: Именка, среден род
рецензира