rummage - онтологија

заџбура повеќе

заџбураат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да џбура.
Албански: kërkoj, hallakas
Примери:
Заџбура по џебовите да го најде клучот.

истарашка повеќе

истарашкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Измеша, испреврти сѐ барајќи нешто.
Употреба: Разговорно
Примери:
Насилно влегоа во куќата, истарашкаа сѐ и отидоа.

оптарашува повеќе

оптарашуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
бара, тарашка
Турски: taraşlamak
Примери:
Тој ги раскрева очите кон небото, оптарашува по ѕвездите.

ринка повеќе

ринкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Рила, чепка со рило.
Примери:
Свињите ќе ринкаат во земјата.

рови повеќе

роват
Вид збор: Глагол, несвршен
Копа земја правејќи бразди, ровови.
Српски: ровати Албански: rrëmoj Бугарски: ровя
Примери:
Со машини ја роват земјата.
Пројавува интерес кон нешто скриено, непознато; чепка.
Албански: rrëmoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ровеше по библиотеките и архивите.